Судот си ја брани одлуката за „бомбите“ на опозицијата

sudПо дилемата што се отвори во медиумите и во експертската јавност околу прашањето дали судијата на претходна постапка смеел да интервенира и да ги прогласи за неважечки снимките од „бомбите“ на опозицијата како докази додека предметите се сè уште во преистражна постапка во Обвинителството, од Основниот суд Скопје 1 велат дека одлуката на судијата е законска и во оваа фаза од истрагата.

Повикувајќи се на Законот за кривична постапка (ЗКП), од судот велат дека судијата на претохдна постапка може да одлучува во секоја фаза од поднесување на кривична пријава до завршување на истражната постапка.

„Дали формално истрагата е отворена или не, не влијае на оцената на законитоста од причини што член 93 од ЗКП е јасен и прецизен, а во согласност со овој член е предвидена надлежност на судија на претходна постапка кој одлучува најдоцна до завршување на истрагата, а не е предвидено до кога, што значи во секоја фаза од почнување со гонење до завршување на истражната постапка влегуваат во надлежност на судија на претходна постапка, особено ако се има предвид дека во сите фази на кривичната постапка до подигнување на обвинение, овој судија ја цени законитоста на дејствата“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Според судот, претходната постапка почнува со предистражната постапка, а судијата на претходна постапка е тој што во оваа фаза одлучува за слободите и за правата на обвинитетите.

„Во оваа насока законски овластувања на судија на претходна постапка како основен гарант на заштита на кривичната постапка и на човековите права е и член 290 од ЗКП, кој предвидува судска контрола на законитоста на кривичната постапка, како и член 21, според кој судија на претходна постапка е судија кој во текот на претходната постапка одлучува за слободите и за правата на обвинетите во случај пропишан со Уставот на Република Макеоднија, со закон и со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот“, се додава во соопштението.

Оттаму велат дека судот може да интервенира само по барање за издвојување докази доставено до судија на претходна постапка, поднесено од бранител на осомничените, за кои се води кривична постапка и кои се странки во постапка пред јавен обвинител.

„Судот до поднесеното барање од бранителот немал допир со овие предмети и формално законски немал надлежност да одлучува за законитоста сè до иницирање на барањето од бранителот на осомничените, кога е оформен предмет од судија на претходна постапка по кој законски бил должен да постапува и да одлучува“, велат до Основниот суд Скопје 1

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …