Што ја чека Македонија доколку Грција ја напушти еврозоната?

Станува збор за план според кој е можно ширење на грчката криза, посебно во Романија, Бугарија, Кипар и Македонија!

Додека Европската централна банка продолжува да ја снабдува Грција со пари, а лидерите на државите од еврозоната велат дека Грција нема да излезе од истата, откриен бил досега добро чуван план, дека со таканаречената “Операција Албанија”, можно е ширење на грчката криза, посебно во Македонија, Романија, Кипар и Бугарија, пишува Kurir.rs.

operacija-albanija-kriza-grcija-balkan-03

Сите очекуваат тоа да не се случи, но тим од експерти од Европската комисија на ЕЦБ сепак, слично како во “Операција Хрватска” во 2012-тата година, сега подготвил “Операција Албанија”, со главна цел да се спречи стравот и неконтролираното движење на пазарите и берзата, како во некои претходни случаи на почетокот на кризата во еврозоната.

Џерун Дејселблум, претседател на Еврогрупата, која ги собира министите за финансии од државите во еврозоната, лидерите на ЕЦБ и Европската комисија, соопштил дека “Европа е подготвена да ѝ помогне на Грција да го одржи финансискиот систем”, иако во врска со договорот меѓу Грција и нејзините кредитори во недела ќе биде одржан референдум.

operacija-albanija-kriza-grcija-balkan-04

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …