Трепкањето на семафорите е сообраќајна сигнализација, објаснува Коце Трајановски

koce-sredba-NVOНа  прес-конференција на Град Скопје, ниту градоначалникот Коце Трајановски, ниту министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, не знаат поради кого и зошто на Илинденска семафорот трепкал жолто во моментите кога беше прегазен 13 годишниот Давид.

– Трепкањето на семафорите е некој вид на сообраќајна сигнализација. Трепкањето на семафорите најчесто доаѓа кога доаѓаат некои делегации, најчесто од странство. Од страна на МВР се дава налог за да се исклучат семафорите. Пред да дојде таа делегација, додека поминува и после тоа-семафорите се исклучени. И доколку тоа е настанато во тој период, тоа е регулирано со закон, со сите процедури дека така ќе се држи сообраќајната сигнализација. И не би сакал да се зборува дека доколку работеле, доколку било зелено, ќе било поинаку. Самото светло, сигналното трепкање, е сигнализација дека тука треба да се внимава – одговори Трајановски на новинарско прашање.

Освен за  за странските делегации, според безбедносните протоколи, „чистење на улиците“ и гаснење на семафорите се применува за брзо минување на тројцата највисоки функционери, претседателот, премиерот и парламентарниот спикер.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …