Ципрас најави влада на СИРИЗА и Независни Грци

13758713675_d5e8497302_zНасмеан, среде еуфорична атмосфера и весела толпа поддржувачи, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас чија партија победи на предвремените парламентарни избори го најави продолжувањето на владината коалиција меѓу неговата левичарска партија и десничарите Независни Грци.

Видно задоволен, исправен на плоштадот среде центарот на Атина Ципрас најави дека од утре продолжува работата на владата и со борбата државата и народот да се исправат на нозе што побрзо.

– Народот ни даде мандат, мандат кој е за следните четири години – истакна Ципрас коментирајќи дека ова е мандат од народот владата која ја водеше државата од јануари до август да продолжи со својата работа и борбата за поправеден живот и економски развој во Грција.

Тој вети дека ќе продолжат да работат за економски развој, за социјална заштита на послабите групи, за разрешување и ставање крај на стариот корумпиран режим и систем.

За време на неговиот говор се случи мал преседан, за прв пат при обраќањето на победничката партија на собирот на плоштадот се појави и лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој се искачи на сцената, се прегрна со Ципрас и застана рамо до рамо со него.

Еуфоричниот победнички говор заврши со уште поеуфоричен поздрав и ракување меѓу Ципрас и Каменос, кои, според информациите, или вечерва или рано изутрина ќе седнат да ги договорат министерските имиња на новиот владин состав.

Владината коалиција заедно ќе има 155 пратеници, од вкупно 300 мандати во грчкиот парламент.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …