Убиени двајца војници во БиХ

vazДвајца припадници на вооружените сили на БиХ се убиени во предградие на Сараево, потврди локалната полиција и министерството за одбрана на БиХ.

Војниците се убиени кога напаѓачот упаднал во обложувалница во населбата Рајловац и отворил оган. Уште еден војник е повреден во пукањето.

Нападот се случил во локална обложувалница, а напаѓачот, откако ги убил војниците излегол надвор и отворил оган и на автобус. Од скршените стакла повреден е возачот на автобусот.
Неофицијално се дознава дека наоаѓачот е Енес Омерагиќ од Сокоља, за кого соседите тврдат дека е наркозависник. Очевидците на полицијата и соопштиле дека напаѓачот бил облечен како вахабист.

Директорот на Државната агенција за истрага и заштита, Перица Станиќ вели дека убиството не може да се третира како терористички чин се додека не се утврдат точните околности.
Босанскиот весник „Аваз“ јавува дека полицијата го лоцирала напаѓачот и ја опколиле куќата во која се наоѓа. Неофицијално се дознава дека специјалната полиција преговара со осомничениот и бара мирно да се предаде.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …