Украина победи со 2-0

Makedonija-Ukraina-1-620x330

Македонската репрезентација доживеа уште еден пораз во квалификациите за Европското првенство, Украина победи со 2-0 и ги однесе трите бода.

       Ништо ново од македонската фудбалска репрезентација, празен стадион и нов пораз. Овој пат загубивме од Украина. На натпреварот немаше возбудувања се до 59. минута кога Жута играше со рака, судијата покажа на белата точка, а Селезнов ја реализираше најстрогата казна. По дадениот гол, Украина нападна уште повеќе, Македонија се обидуваше да возврати, но неуспешно. По неколку создадени шанси, Краветц постигна гол за Словенија и го постави конечниот резултат од 0-2. Ова беше последен меч за нашиот голман Томе Пачовски кој стави крај на репрезентативната кариера. Со овој пораз Македонија останува на дното на табелата, последна шанса за избегнување на последното место е гостувањето кај Белорусија.

 

Интересно

Evro basket pocetok

Македонија загуби од Словенија и ги заврши настапите на „Евробаскет 2015“

Македонската кошаркарска репрезентација вчера загуби од селекцијата на Словенија со резултат 62 – 51, во …