Вајгл: Позитивниот извештај за Македонија зависи од Договорот од Пржино

ivo-vajgl-4Извештајот за напредокот на земјава и тоа дали Македонија ќе ја загуби препораката за земја-членка на ЕУ, зависи од имплементацијата на Договорот од Пржино, рече европратеникот Иво Вајгл, по денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој изјави дека наскоро ќе почне парламентарната процедура за извештајот за напредок и се надеваат дека ќе можат да го земат предвид и Договорот од Пржино.

– Се надевам дека временската рамка за имплементација на Договорот ќе биде испочитувана. Не станува збор за доцнење од еден или два дена, туку дека целиот процес, кој е во интерес на сите, треба да се испочитува. Мислам дека непотребните одложувања можат да предизвикаат големи проблеми за Македонија. Ако Договорот не се имплементира, земјата може да се види како држава во криза, а ние верувавме дека со постигнување на Договорот од Пржино, кризата е надмината. Сакам да видам дека и медиумите го поддржуваат Договорот и го зголемуваат притисокот кон политичките партии да се придржуваат кон договореното – рече Вајгл.

Одговарајќи на прашање дали Македонија може да ја загуби препораката, тој изјави дека се надева годинешниот извештај да не биде полош од ланскиот.

– Би сакале да ја видиме Македонија како кредибилна држава кандидат за член во ЕУ. Секако, зависи од дебатата во Собранието, имплементацијата на Договорот и од способноста во април да се одржат транспарентни, фер и демократски избори – рече Вајгл.

Следен со кој ќе се сретне Вајгл е вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, по што ќе си замине од Македонија.

Од СДСМ соопштија дека лидерот на партијата пред известувачот рекол дека со оневозможувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство е прекршен Договорот од Пржино.

– Ова е обид на власта на Груевски, СДСМ да се откаже од преговарачкиот процес и обид за саботирање на самостојната работа на специјалната јавна обвинителка – рекол Заев на средбата.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …