Ван Хојте: Работната група се фокусира на билатерални средби за клучните прашања

12167614_1166024763427024_1783935089_nЗемајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте за „Радио Слободна Европа“.

Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група, која официјално ќе ги одобри одлуките што се донесени за време на билатералните средби. Ван Хојте, кој е вклучен во преговорите, смета дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот од Пржино. Тој порачува дека е во интерес на сите граѓани на Македонија да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во договорот, за да не се загрози интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …