Ван Хојте: Тажно е што некои луѓе мислат дека можат да го прекршат сопствениот закон

hojteБелгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска по одлуката на Советот на јавни обвинители да избере само половина од тимот што го побара специјалната обвинителка Катица Јанева, изјави дека со тоа не е испочитуван Законот за специјално обвинителство.

– Законот предвидува обвинителката да ги добие сите ресурси, финансиски и кадровски, што таа ги побара и за што таа презентираше извештај. Очигледно овој принцип напишан во законот не се почитува. Мислам дека сите треба да го почитуваат и да се држат до Договорот. Ова беше договорено во работната група. Тажно е што некои луѓе мислат дека можат да го прекршат законот што тие го донеле –  рече Ван Хојте.

По одлуката на Советот, СДСМ ги напушти преговорите. Од опозицијата најавија дека во текот на утрешниот ден ќе соопштат дали планираат да се вратат на преговорите.

Извор Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …