Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба на границите?

Денеска е 26bega. ден откако Владата прогласи вонредна состојба на јужната и на северната граница поради големиот наплив на мигранти кои влегуваат и транзитираат низ територијата на Македонија кон север. Останува уште една недела до истекување на рокот за важност на мерката.

Одлуката за кризна состојба, со која беше овозможено во обезбедувањето на државната граница да биде ангажирана и Армијата на Република Македонија (АРМ), како асиситенција на полицијата, беше донесена на седница на Влада на 19 август.

Дали вонредната состојба ќе биде продолжена и по истекувањето на рокот од 30 дена, надлежните институции засега официјално и категорично не соопштуваат.

Податоците и анализите на Министерството за внатрешни работи (МВР) говорат дека бегалската криза нема изгледи да заврши наскоро, а се очекува бројот на мигранти што доаѓаат во земјава преку Грција во наредниот период да се зголемува уште повеќе. Ваквите проценки одат во насока на тоа дека големи се шансите вонредната состојба да биде продолжена и по истекувањето на рокот.

– Одлуката за прогласување кризна состојба ја донесува Владата, а врз основа на проценки на повеќе институции. За другите институции не би можел да говорам, но од името на Министерството за внатрешни работи и според сознанијата со кои располага министерството, бегалската криза нема изгледи да заврши во догледно време. Сите сознанија со кои располагаме упатуваат и на тоа дека бројот на мигранти ќе се зголемува – изјави за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски.

Според Законот за управување со кризи, одлуката за постоење кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена.

Во случај да биде надминат овој период, односно состојбата да продолжи да трае подолго од 30 дена, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување воена или вонредна состојба.

Од прогласувањето кризна состојба, со исклучок на дводневните тензии на јужната граница, од Грција во земјава секојдневно влегуваат илјадници мигранти, чиј транспорт до северната граница се одвива без пречки и во добра координација меѓу надлежните институции.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …