Во Дебар-маало ќе се вози со максимални 30 километри на час

zona-30-debar-maalo

Низ улиците на населбата Дебар-маало во општина Центар автомобилите ќе смеат да се движат со максимална брзина од 30 километри на час.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, го промовираше проектот „Зона 30 – за безбеден Центар“, чија цел е да се подигне нивото на безбедност во еден од најфреквентните делови од општината и од градот.

– Овој проект добива значење, особено по црната низа сообраќајни несреќи и жртви. Од денеска, Дебар-маало е „зона 30“, зона на смирен сообраќај. Очекуваме иницијативата да биде прифатена од сите општини, а ќе продолжиме и во другите места низ Центар. Ги повикувам граѓаните да ги почитуваат новите поставени знаци – рече Жерновски на промоцијата на проектот, во рамките на која тој, заедно со советниците од Советот на Општината и со вработените, како и со припадници на сообраќајната полиција, делеше летоци со кои се запознаваа граѓаните за проектот.

Ограничувањето за движење на возилата со максимална брзина од 30 километри на час го опфаќа делот од општина Центар што се наоѓа меѓу булеварот Партизански одреди, улицата Франклин Рузвелт, булеварот Илинден и булеварот Св. Климент Охридски.

На влезните и на излезните улици, како што информираат од Општина Центар, на видни места низ Дебар-маало, се поставени 25 сообраќајни знаци.

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …