Заев ги предаде материјалите од прислушувањето на Специјалното јавно обвинителство

12442821_10206804171536071_1716450822_n-860x666Лидерот на СДСМ, Зора Заев, заедно со Радмила Шекеринска и со Дамјан Манчевски, денеска ги предадоа сите прислушувани материјали и транскрипти на Специјалното јавно обвинителство. Како што рече Заев, добиле информација, а и ги виделе новите сефови во кои ќе се чуваат материјалите.

– Денеска ги предадовме материјалите на Специајалното јавно обвинителство и им посакавме среќна Нова година и успешна работа. Убедени сме дека ќе имаат многу работа, а граѓаните, преку Специјалното јавно обвинителство се надеваат дека правдата ќе се врати. И последниот дел од обврските на СДСМ од Договорот од Пржино е исполнет, но, исто така, сакам да напоменам и дека Анкетната комисија е формирана за политичка одговорност преку јавни искази. Се надевам дека и таа обврска од Договорот од Пржино ќе биде исполнета. Очекуваме да се донесе закон за медиуми и да се постигне договор за да се создаде амбиент да се одржат кристално чисти избори. Очекуваме сите обврски да ги преземе ДИК за да има гаранции дека ќе има демократски избори – рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека не верува некому да му текне да прави протести пред Специјалното јавно обвинителство. Исто така, на прашањето дали прислушуваните разговори најдени кај еден од обвинетите за фалсификувани лични карти се фотокопии од овие кои ги предава, тој изјави дека оргиналите се кај Сашо Мијалков и тајната полиција.

„Ако има фер и демократски избори, ова зло со леснотија ќе си оди од власт“, одговори Заев на прашањето дали ќе го признае поразот ако изгуби на избори. Тој рече дека СДСМ ќе го почитува Договорот од Пржино и ќе се појави на избори само ако има цврсти гаранции дека тие ќе бидат кристално чисти.

За ослободување на Верушевски од притвор, Заев рече дека адвокатите кои им се заеднички, подолго време молеле мерката притвор да им се замени со полесна мерка.

Извор: Мета

Интересно

obama-putin

Путин му испрати новогодишна честитка на Обама и го повика на соработка

Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна порака до американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи на соработка …