Заев: Граѓаните ќе добијат ако Македонија е една изборна единица

ZaevГолемите политички партии ќе изгубат ако Македонија биде една изборна единица, но во таков случај добиваат граѓаните, парламентарната демократија и реално, преку моделот со една изборна единица, повеќе нема да се случи да има моќни фигури како што беше Груевски во Македонија.

Ова денеска го изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ на средба со граѓаните во Пехчево.

– Овој период мора да остане минато за нашата Македонија, ако сакаме да бидеме држава со демократски развој. Ние сме целосно убедени дека опозицијата ќе ја добие честа да ја врати во нормала Македонија и да ги врати демократските институции, но најважно од се, да го подобри квалитетот на животот на сите граѓани подеднакво во државата. Ако сака Груевски да има мнозинска листа, легитимна е дебатата, но мора да направи прво попис. Без попис, како ќе ги дефинираме изборните единици, ќе навлеземе во уште една уставна незаконитост и неуставност генерално, за да се спроведе ваквиот модел – изјави Заев.

Заев вели дека малите партии мора да добијат на значење.

– Само на тој начин ќе го демократизираме Парламентот и на тој начин ќе ги вратиме во нормала демократските институции. Јас сум убеден дека вреди целосно да се размислува моделот со една изборна единица, тогаш рамноправно вреди гласот на сите граѓани, тогаш рамноправно вреди гласот и на граѓаните во Македонија и во дијаспората – вели Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев искажа убеденост дека роковите за специјалниот обвинител ќе се испочитуваат. Тој вели дека меѓународните групи и партиите потписнички на Договорот од Пржино веќе го разгледуваат законското решение.

– Јас очекувам веќе до први септември да помине на работна група за да може веднаш да влезе во парламентот, да се изгласа законот, а до 15-ти најдоцна да се избере името на специјалниот обвинител. За имиња се уште е рано. Ние сме транспарентни и често ги консултираме и граѓаните и јавноста. Редно е прво да знаат по кој закон ќе работат па потоа да разговараме со храбри, стручни и партиски неопределени луѓе – одговори Заев.

Извор Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …