Заев: Не ни требаат валканите пари што ни ги нудат

zaev-brifing-2

Не ни требаат валкани пари, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали бизнисмените се охрабриле финансиски да ја помогнат партијата.

Тој рече дека такви пари, какви што досега му понудиле, не сака да прифати и ќе чека дали ќе се охрабрат вистинските бизнисмени.

– СДСМ, главно, се финансира од членството и од фирми кои се блиски на Заев, а тоа се моите фирми. Досега издржавме и со вакви финансии и сакаме чесно да завршиме со проектот сè до изборите во 2016 година – изјави Заев.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …