Заев не се појави на суд, Обвинителството побара да му се одземе пасошот

Денешното рочиште со кое требаше да почне судскиот процес „Пуч“, е одложено бидејќи во судницата повторно не се појави четвртообвинетиот, Зоран Заев, претседател на СДСМ, како што беше и најавено.

На рочиштето беше изнесен предлогот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое бара на Заев да му се укине мерката за претпазливост, односно да се јавува повремено во струмичкиот суд, и да му се определи мерка на претпазливост – одземење на пасошот или други исправи за преминување на границата.

За предлогот на обвинителството ќе решава кривичниот совет на oдделението за гонење организиран криминал и корупција на Основен суд Скопје 1. Наредното рочиште е закажно за 5 октомври.

Судијката, Љубинка Башевска, додаде дека обвинетиот Зоран Заев ја примил поканата за денешното рочиште, но не се појавил во судот.

За некаква евентуална мерка од судот за обезбедување на присутството на Заев на рочиштата, денеска воопшто не стана збор, иако на предходното рочиште, на 5 август, беше најавено дека доколку лидерот на СДСМ повторно не одговори на поканата и не се јави во судот, ќе биде издадено „предупредување пред стражарно спроведување“.

Адвокатот на одбраната, Ангеле Илиевски, во изјава за медиумите, се согласи со барањето на Обвинителството да му се одземе пасошот на Заев, бидејќи претходната мерка била бесмислена.

– Сосема во ред е да се задржи мерката за безбедност за одземање на патната исправа бидејќи шетањето до судот во Струмица е веќе бесцелно – изјави Илиевски.

Тој додаде дека работата околу „Пуч“ треба да ја преземе специјалниот јавен обвинител и судот повеќе нема да може да постапува по овој предмет.

– Веќе треба да размислуваме за специјалниот обвинител кој ќе ја преземе оваа целокупна работа, така што овој суд не може да биде надлежен. Останува да видиме и да го следиме политичкиот развој, односно правниот развој во Собранието, па потоа евентулано да го кажеме нашето мислење – рече Илиевски.

Во судскиот процес „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинети се и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, службеникот во Општина Струмица, Бранко Палифров, и функционерот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Ѓорѓи Лазаревски.

Тие, според обвинението, се товарат за кривичните дела шпионажа, неовластено прислушување и тонско снимање и насилство врз претставници на највисоките државни органи.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …