Заев: Постигнатиот договор е нов почеток за Македонија

Pretsedatel-Zaev-06.11.2015Вечерва победи Македонија, ова вечерва е нов почеток за Македонија и за сите нејзини граѓани. Постигнат е договор којшто утре треба да биде само правно, легално формализиран, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред Клубот на пратеници.

Заев соопшти дека е постигнат договор за Закон за Влада во којшто се дефинираат надлежностите на замениците министри, за Законот за „свиркачите“, и за Законот за заштита на приватноста, којшто ќе стапи на сила веднаш, а ќе се применува после шест месеци, период дозволен за да се изјасни Венецијанската комисија по самиот закон. Освен за законите дека исто така постигнат е договор и за Изборниот законик и договор којшто треба да биде преточен во одлука на Парламентот за Анкетната комисија.

– Сето ова утре треба само уште еднаш на работните групи да биде разгледано, поради техничките аспекти и веднаш штом ќе биде подготвено, да биде испратено во Собранието, за парламентарците да го дискутираат и секако се надевам дека ќе го донесат. Истовремено вечерва ја исполнив и обврската согласно Договорот, да го предложам кадровското решение за министер за внатрешни работи, за кој барав согласност од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, согласноста ја добивме. Нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ – рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека сите кадровски решенија се условени затоа што органите и телата на СДСМ треба да ги донесат одлуките, а финалната одлука ќе ја има Централниот одбор на СДСМ.

– Министрка за труд и социјална политика ќе биде Фросина Ременски. Заменик министер за финансии ќе биде Кире Наумов. Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупче Николовски, заменик министер за информатичко општество и адиминистрација ќе биде Александар Кирацовски. Секако, доколку Централниот одбор на СДСМ ги потврди овие имиња, а секако се надевам дека ќе добијат поддршка и од нашите коалициски партнери, коишто ги застапувавме заедно, покрај нашата партија – рече Заев.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …