Законот против „бомбите“ веќе е на второ читање!

sobranieПредлог-законот за забрана на „бомбите“ на опозицијата на веб-страницата на Собранието осамна веднаш на второ читање, иако денеска штотуку беше најавен.

Од Собранието ни соопштија дека законот се носи по скратена постапка и поради тоа е прескокнато првото читање и директно се оди во комисиите и на второ читање. Доколку законот не помине на комисиските расправи, тој може и да не се појави пред пратениците, велат од собраниските служби.

Предлог-законот за забрана на „бомбите“ до Собранието го доставија претставниците од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а денеска беше објавен на собраниската веб-страница во делот „примени материјали“.

Неколку часа по неговото објавување, тој е преместен во делот „второ читање“.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …