Жителите на Радожда бараат поголема заштита од полицијата

Жителите на струшкото село Радожда, преку советот на месната заедница, јавно побара од Министерството за внатрешни работи зголемено и зачестено присуство на полициски службеници во селото. Нагласуваат дека местото, досега познато по туризмот, почнало да станува препознатливо по криминал.

– Селото Радожда, кое се наоѓа на самата граница со Албанија, криминалните групи го користат за шверц и за меѓуграничен криминал. Црквите во Радожда се постојана мета на крадците, па остануваат празни, без икони, без иконостас, кои се од непроценлива вредност за културното наследство на Македонија – велат во своето барање од месната заедница на Радожда.

При последната кражба, која се случи во црквата „Свети Илија“ во Радожда пред три дена, бил уништен инвентар во црквата, а и иконостасот е целосно уништен, сведочат жителите. Пред неколку недели од објектот на фудбалскиот клуб „Морнар“ била украдена опремата на фудбалерите.

– Оваа пригода ја користиме да се обратиме и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и до јавното претпријатие „Македонски шуми“. И од нив бараме интервенција за целосно да престане неколкумесечниот масакар на шумите во Радожда. Надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки за запирање на групата што врши нелегална сеча, пустошејќи ја целата шума и предизвикувајќи еколошка катастрофа. Со неконтролираното сечење на шумите за комерцијални цели, загрозени се нивните заштитни функции. Резултатот од неконтролираното сечење се виде на самиот празник Илинден, кога селото го зафатија големи поплави. Сето ова се прави со помош на ЈП „Македонски шуми“ – подружница Струга, кои директно се поврзани со групата – додаваат од месната заеднина на Радожда.

Селаните наведуваат дека месното население живее во страв и во паника, а во вечерните часови имало постојано присуство на непознати лица.

– Непознати и сомнителни лица со возила вршат трговија на лица и на разни стоки и предмети. Се надеваме дека надлежните институции во најкраток рок ќе ја сфатат својата надлежност и ќе помогнат во спречување на криминалот во Радожда. Сè повеќе се зголемува револтот на месното население и доколку нешто не се преземе, тој може да ескалира во протести и во други начини на изразување на незадоволство – истакнуваат од месната заедница.

Извор:Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …