Важна вест: Снег вее на овие патни правци – ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО!

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово, Попова Шапка, Крушево, како и на планинските премини Стража и Ѓавато, соопшти АМСМ.
Потсетуваме дека од 15. ноември задолжително е користењето на зимска опрема.